10 типа на МАКЕДОНЦИ НА ПЛАЖА! ИСКАЧАЈ ОД ВОДУ, УСТАТА ЏИГЕРИ СИ ГИ НАПРАВИЛУ!

Едно од најактуелните прашања периодов секако е „Каде на одмор“? Сите со нетрпение чекаме да ни завршат работните или друг вид на обврски за веќе конечно да се разладиме и да одмориме на плажа. Во пресрет на летото ова се 10-те вида на македонци кои одат на плажа.

1.ДВА ТИПА НА МАКЕДОНЦИ НА ОДМОР: Едните одат на скромен одмор од 7, до 10 дена и се задоволни од поминатото време и втор тип на македонци кои не прифаќаат одмор испод 15 дена па подигаат кредити... 

2.НЕ СИ МАКЕДОНЕЦ АКО: Не го натовариш кровот со куфери, пластични столчиња и маса, со скара со све, а после го врзуваш со јаже да не ти се преврти све на стража.

3.МАКЕДОНЕЦ КОЈ МИСЛИ НА СИТЕ: Типичен македонец станува во пет сабајле оди на плажа и зафаќа 16 лежалки за цела фамилија, хотел, познаници, поколенија и невидени пеесет годишни внуци од Аустралиа.

4.ЕКСПЕРТ НА ПЛАЖА: Се разбира во секоја област и полемизира на секоја тема. Наоѓа сонародник и одма се фаќаат за политика, за Обама, Путин а сега поготово Ердоган од уста не го вадат.

5.МАКЕДОСНАКА МАЈКА НЕ Е МАЈКА АКО: Не се дере низ цела плажа: „Горанеее, Маријооо искачај  од воду, устата џигери си ги направилу мори искачај од воду ќе ти ебу мајката. Даље се дере дојди крофну сакаш ли да ти купу од овај чичко не си јал цел дан, ГОВЕДО не ја дави сестра ти слушаш ли...

6.НЕ СИ МАКЕДОНЕЦ АКО: Не изгориш на сонце па да те мачкаат со кисело млеко...

7.МАНЕКЕНКА: Диско плажа едно исто е! Накинџурена, напудрена, со штикли со све... неможе сама да се движи па лигаво се држи за дечко и, пустиот ја слика во секоја можна поза, а него го нема е шо е тоа бе? Спонзор бе златен спонзор!

8.БИЛДЕР: Напукани билдерчиња со тетоважи кои имаат значења за нив, тигрови, лавови, кобри, двоглави змајови, имиња на кинески, кое значење бре кое? Кога во Македонија свето животно се кокошката и козата.

9.ОТОК ДЕТЕ: Недај боже да има во близа тезга со играчки, или со сладолед детето почнува да отекува се додека не изеде неколку шамари па на крајот некое пиштолче на вода или воден сладолед од 10 денари.

10. ПОСЕДУВААТ ДАВЕЧКИ ВЕШТИНИ: Дават некој другар или другарка, се прскаат со вода, врискаат, пискаат извикуваат некои звуци како: АУП, АААУУФ, КУУП...

*БОНУС* ПОКРИЕН ГАЗ НИКОЈ НЕ ГО ФАЌА-СТАРА НАРОДНА: Али ај деца се до 10,12 години нема потреба од трошење пари за купаќи за нив.

Коментари

Популарно