Кичево: Ја силувал малолентата ќерка - таа останала трудна!

Бајрам Велиоски (55) од селото Пласница кај Кичево кој во 2009. година беше осуден на осум години затвор поради тоа што ја силувал и забременил тогаш својата 16-годишна ќерка, по отслужувањето на казната затвор повторно го повторил делото во повеќе наврати на сега веќе полнолетна 24-годишна ќерка.

Монструозниот чин се случил во делот на селската џамија каде живее неговото семејство, во ноември минатата година. Од тогаш Велиоски се наоѓа во притвор и чека ново судење за родосквернавење

Монструмот од кичевското село Пласница прв пат ја силувал својата ќерка 2008. година кога и забременила. Бременоста 16-годишната ќерка ја приметиле на училиште каде тогаш учела, по што била сместена во домот за доенчиња во Битола. 

По првата пријава за родосквернавње таткото завршил во затворениот дел во душевната болница во Демир Хисар, каде што бил под засилен надзор. Откако доказите покажале дека тој го сторил делото, бил осуден на 8 години затвор, кои ги поминал во Идризово.

Додека тој се наоѓал во затвор, неговата сопруга која е со пречки во развојот се грижела за двете ќерки и син.  Девојчето што било злоставувано продолжило да оди во училиште, а со неа постојано работеле социјалните служби.

Кога во октомври минатата година излегол од Идризово, Велиоски повторно се вратил на местото на злосторството, каде што пред девет години ја силувал и забременил сопствената ќерка. Лани во октомври се сместил таму и останал да живее заедно со сопругата и децата. Девојката на полицијата ѝ кажала дека злоставувањето се случило неколку пати, но таа молчела од страв сѐ додека нејзината мајка не заминала во Центарот за социјални грижи во Кичево, каде што на одговорната за овој случај ѝ кажала дека се сомнева оти таткото ѝ го прави истото на девојката.

Од Идризово изјавиле дека Бајрам Велиоски го напуштил затворот во ноевмри мината година, неколку месеци пред да му истече казната затвор поради законските предности кои им следуваат на осудените лица.

- Затворската служба е одговорна додека осуденото лице ја издржува казната. „Ние немаме право да го држиме осуденикот во затвор по истекот на затворска казна. За тоа каде ќе оди откако ќе излезе од овде немаме право да реагираме. Си има служби што треба да се грижат за тоа. За Велиоски друга правосилна пресуда нема, ниту пак има документ од судот за лекување во задолжителна психијатриска установа каде што би заминал откако би излегол од овде“, кажал првиот човек на затворот Пејковски за мкд.мк.

И на Центарот за социјална работа во Кичево им е познат целиот случај, знаеле кога монструмот ќе излезе од затвор, но велат дека не се тие надлежни, не можат да спречат Велиоски да се врати на своето семејство. Додаваат дека социјални служби работат со силуваната девојка која неколку пати преживеала трауми од својот татко.

Од Првата детска амбасада Меѓаши бараат доживотна казна за Велиоски. Истовремено бараат задолжителна хемиска кастрација за педофили.

Коментари

Популарно