Откриена најголемата тајна за цигарите која производителите не сакаат да ја знаете

Добро позната вистина за цигарите е дека тие се штетни и може да предизвикаат многу болести, па дури и рак. Она што многумина не го знаат е дека тутунската индустрија има добро чувани тајни, па може да останете шокирани кога ќе ги дознаете.

Во продолжение е листата на некои од најголемите тајни за цигарите.

-Постојат повеќе од 600 состојки и 4.000 хемикалии во само една цигара. Тие содржат катран,никотин, амонијак, формалдехид, DDT, арсен, бутан, ацетон и друго.

-Пушењето е причина за повеќе од 400.000 смртни случаи секоја година само во САД. Статистички гледано, над 10 милиони луѓе починале од цигари во последните 20 години.

-Дури и оние кои со децении пушат може да го излечат своето тело кога би престанале да пушат. Вашето тело има способност да започне процес на „поправување“ во рок од една секунда од вашата последна цигара. Се што ви е потребно е само решителност.

-Кога за прв пат ќе ги напуштите цигарите крвниот притисок и бројот на отчукувања на срцето се нормализира, па се намалува и нивото на јаглен-моноксид.

-Ако мислите дека електронските цигари се сигурни, не сте во право. Тие се полни со токсини и хемикалии кои наместо да ви помогнат да престанете со пушењето, повеќе ве поттикнуваат.

Најдобар совет за крај е да ги оставите цигарите. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Коментари

Популарно