Одиме кон 40!

Денеска е петок, 23 јуни 2017 година, 173-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 192 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути,  а ќе зајде во 20 часот и 12 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 28 минути, а ќе зајде во 19 часот и 24 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен, а во останатите слаб до умерен од северозападен правец. Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на  краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.  Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната температура ќе се движи од 31 до 37 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 36 степени.

Следува период на претежно стабилно и многу топло време. Мaксималните температури ќе бидат над 30, а долж Повардарието и над 35 степени. Преку денот ќе има појава на умерена облачност, а можна е и изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во сабота и во понеделник.

Коментари

Популарно