„Тато умре, јас сум виновна“

Смртта на Богуљуб Митиќ утрово ја потресе Србија, а покрај неговите најблиски, оваа тажна вест тешко ја примил и неговиот најдобар пријател Ивица Цветковиќ, со кој биле нераздвојни.

Ивица објаснил како поминал вчерашниот ден, кој го поминал со неговиот најдобар пријател.

-„Последните три дена беше настинат. Вчера дојдов со такси до кај него, требаше да одиме во Нови Сад. Видов дека не се чувствува најдобро, тешко дишеше. Отидовме до еден локален кафе бар да поразговараме, му реков да го однесам на лекар, па потоа да одиме во Нови Сад, меѓутоа тој не сакаше, рече дека му е подобро и дека му треба само малку воздух, дека се ќе биде во ред.“ - раскажал Ивица.

„Отидовме во Нови Сад и бевме на ручек со пријатели. Се вративме, јас го замолив да вози, но тој не можеше, рече дека не му е добро. Но, нормално разговаравме, како и секој ден. Го довезов дома околу 23 часот и се договоривме сабајлето да пиеме кафе. Колку што знам беше буден до 1 часот, а потоа ќерка му отишла да спие, а тој останал. Утрото го слушнав неговиот повик, но на телефон беше неговата ќерка Наталија. Ми кажа да дојдам, бидејќи татко ѝ починал. Ми кажа дека во станот е сама со една сосетка и ме молеше да дојдам. Ми велеше дека тоа што тој е мртво е нејзина вина, бидејќи не останала будна со него.“ - изјавил Иивца и додал дека Наталија мртвото тело го пронашла во 7 часот утринава.

Докторите рекле дека станува збор за срцев удар, дури можеби и 4. Најверојатно причина за тоа е вчерашното време, неговата килажа, настинката, се се собрало.

Погребот ќе биде утре околу 17 часот.

Коментари

Популарно