Експлозија на фрижидер- Официјално потврдија властите

Лондонската полиција соопшти дека причина за пожарот во Гренфел тауер е експлозија на фрижидер. Фасадата паднала на испитот за безбедност.

Според последните информации кои ги објавила полицијата, потврдена е смртта на 9 луѓе, а за други 79 се претпоставува дека настрадале во големиот пожар кој ја проголта висококатницата, пренесуваат британските медиуми.

Полицијата сопшти денеска  дека во текот на кобната ноќ примила 600 повици за помош, од кои некои траеле и цел час, како и дека сите повици детално се преслушуваат.

Оттаму велат и дека нема повеќе пријавени за исчезнати, односно дека може да се заклучи дека девет жртви се иденфтификувани и оти за 79 се претпоставува дека настрадале. Меѓутоа, она што е потресно е фактот што на експертите ќе им треба можеби и една година за да ги истражат сите катови и да ги идентификуваат настраданите, што говори за размерот на оваа трагедија.

Коментари

Популарно