ФОТО: Ова е препорачаната терапија од Ирена Спировска

Македонската Тв водителка Ирена Спировска долги години е во телевизискиот етер. Со куса пауза кога беше дел од маркетингот на една интернационална компанија на производи за широка потрошувачка, Ирена заедно со Лила е една од оние со најдолг водителски стаж кај нас.
 

Особено во последно време, покрај стандардните ТВ ангажмани Ирена ја има насекаде: музичка промоција – водител Ирена Спировска, комерцијална презентација – водител Ирена Спировска, хуманитарна акција – водител Ирена Спировска, фестивал – водител Ирена Спировска, манифестација – водител Ирена Спировска…
 

Загрижените душегрижници почнаа да се прашуваат две работи: како успева женава да постигне и што ли им прави на парите?

Ама, покрај работните обврски и многуте „тезги“, Ирена и приватно ја има на речиси сите поважни манифестации, концерти, културни збиднувања…
 

Колку за пример, на последниов Вино фест 2017 – Спировска со женска екипа таму, Македонска филхармонија со „Pink Floyd“ проект во Градски парк, Спировска во широка „женска коалиција“… Едноставно, водителката е „распослана“ насекаде.
Па, дури  од морето обврски и тезги, најде време и на море да тркне. А таму… И таму водителката повторно „распослана“… на плажа!
 

Под сламен чадор, во син дводелен костим за капење и монденски очила за сонце, Спировска го упива секој зрак од раното летно сонце, за да собере сила и да ги наполни батериите за напорните ангажмани. Така се регенерира телото, а душата?
 

Е за неа водителката има специјално препорачана терапија, која самата ја постираше на својот Фејсбук профил.  Машко пакување за летно освежување! Не и го знаеме изборот, ама без оглед… Што и да си приушти, добро ќе ја…  опушти!
 

Коментари

Популарно