Златни денови - Кратово 2017 со одлична програма

Од 2014 година градот на кулите и мостови е домаќин и организатор на еден од најзабавните фестивали на музика и култура. Веќе четврта година по ред Кратово успева да се воспостави како еден од најпознатите градови каде што постои совршена синергија на забава, култура и историја.

Во петок, 30.06.2017, ќе настапат Бона Деа, Тара, Александра Јанева, за веднаш по нив збавата продолжи со најголемите балкански кафански песни за душа. Во овој дел од програмата духот на меаните ќе го пренесат групата Браво Бенд, Јордан Митев, Милица Кузмановска и балканскиот боем Драган Којиќ Кеба. После кафанската атмосфера шаренилото на вечерта ќе го збогати нашата овогодишна преставничка на Евросонгот, Јана Бурческа, а за крај на првата вечер на сцената ќе експлодира идолот на младата генерација Слаткар со хит проектот Слаткаристика.

Во сабота, 01.07.2017, звуците на кулите и мостовите ќе ги красат Етно составот – Вез од Штип, ортодоксните рокери Пеперминт, а ѕвезда на вечерта и на фестивалот ќе биде нашата најголема музичка ‘‘ДОНА‘‘, балканската ѕвезда, Калиопи. За вистинска саботна треска ќе се погрижат новосаѓаните ,Tribute to Бјело Дугме кои заедно со Кратово ќе ги пеат најголемите хитови на легендарните ‘‘копчиња‘‘. После настаните на главната сцена забавата ќе продолжи во базен дискотеката во Кратово каде познати ди-џеи ќе се погрижат за еуфорично продолжување на фестивалските ноќи.

Пред посетата на Кратово се препорачува посетителите навремено да обезбедат сместување бидејќи сместувачките капацитети се ограничени, а се очекува интересот да е значително поголем од минатата година.

Коментари

Популарно