Тројно убиство и самоубиство во Скопје

Убиство најверојатво на три лица, едно убиено во село Глумово, а две лица на влез во село Кондово, извршило непознато лице денеска во 10 часот, соопшти МВР. При обидот за приведување на напаѓачот во село Глумово од страна на полициски службеници од единицата „Алфа“, тој извршил самоубиство, а смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош. Полицијата информира дека увидот е во тек и оти најверојатно сторител е Ш.С. од село Глумово.

Коментари

Популарно