(ВИДЕО) „Немам интерес за секс, му кажав на сопругот да си најде љубовница“

По 11 години брак и две деца Сара Кан (46) му кажала на својот сопруг дека таа повеќе нема желба за секс и му дозволила да има љубовници колку сака.

Сакам да биде среќен, кажала Сара Кан (46), деловна жена и ТВ водителка од Велика Британија откако на својот сопруг му дала „зелено светло“ слободно да спие со други жени зашто таа не може повеќе да го задоволи во кревет. Таа, имено, ја изгубила желбата за секс и колку и да се трудела да пробуди страст во себе, тоа не и успевало. Тие се во брак 11 години и имаат две деца.

„Предходно имавме фантастичен сексуален живот. Јас и понатаму го сакам мојот сопруг, се галиме и убаво ни е, но повеќе не сакам сексуални односи, го изгубив интересот. ја изгубив страста и почнав да барам изговори зашто не сакам да водам љубов додека на крај не сфатив дека тоа никаде не води и му кажав на сопругот дека би требало да најде друга жена со која ќе спие, раскажала Сара“, а пренесува Дејли Меил.

Таа во својата одлука искрено проговорила и на социјалните мрежи. Има луѓе кои ја поддржале и напишале дака таа е многу храбра, други ја осудиле. Што кажал нејзиниот сопруг на сето тоа, не е познато.

Погледнете го нејзиното гостување на ТВ:

Коментари

Популарно