Познат идентитет на тројцата убиени во скопско

Денес околу 10 часот е извршено тројно убиство во скопско, извести МВР. Првото убиство е извршено во село Глумово, а второто во село Кондово. Тројното убиство е извршено со пиштол.

Сторителот на тројното убиство, како што објави порталот Плусинфо е С.Ш. од село Глумово. Toj ги убил брата си А.С., синот на А.С. (М.С.) и внукот на А.С. (Ар.С). Потоа Ш.С. се самоубил откако одбил да и се предаде на полицијата.

Оваа голема трагедија предизвика голема паника кај жителите на село Глумово.

Коментари

Популарно