Пеколно топло време!

Денеска е понеделник, 26 јуни 2017 година, 176-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 189 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути,  а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот и 36 минути, а ќе зајде во 22 часот и 12 минути.

Временска прогноза

Времето ќе биде сончево и многу топло.

Попладне на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, не е исклучено локално овие процеси да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до 37 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 35 степени.

Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

Коментари

Популарно