Огромно признание за Енис Барди!

Стрелецот на два гола за македонската репрезентација, Енис Барди, се најде во идеалниот тим на групната фаза на Европското првенство за фудбалери до 21 година. 

Ова е големот признание за Барди, кој привлече големо внимание и на меѓународната јавност и на многубројните скаути. Овој идеален тим е составен со просечните оценки на фудбалерите на сите натпревари од групната фаза.

Барди се најде во средниот ред заедно со Шпанците Асенсио и Саул.

Идеален тим на групната фаза на У21 Европското првенство:

Хојберг (Данска), Калдара (Италија), Скрињар (Словачка), Кансело (Португалија), Родригез (Португалија), Саул (Шпанија), Барди (Македонија),Асенсио (Шпанија), Брума (Португалија), Поденсе (Португалија), Захоре (Данска)

Коментари

Популарно