Внимавајте каде паркирате во Охрид

Триесетгодишен скопјанец ограбувал паркирани возила кај туристичкиот комплекс „Св. Наум" и кај „Музејот на вода" во Охрид.

Според информациите на СВР-Охрид против Д.Д. е поднесена кривична пријава за тешка кражба.

Пријавениот, кражбите ги извршил во текот на март и април оваа година.

Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странци државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема, мобилни телефони и кредитни картички.

Со кражбите, пријавениот се стекнал со против-правна имотна корист која дополнително ќе се утврди.

Коментари

Популарно