Струга: Не сакал да плати во продавница, па извадил чекан!

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот О.С.  од Струга.

На 25-ти април годинава, тој во продавницата за електро-материјали во Струга, предизвикал караница со сопственикот на продавницата околу 13 часот, кога побарал бакарен кабел со должина од околу 400 метри за монтирање на терен со ветување дека подоцна ќе го плати. На тоа, сопственикот на  продавницата му одговорил дека најпрво треба да плати, а после да го добие кабелот, по што, пријавениот, му упатил сериозни закани.

Потоа, изреволтиран излегол од продавницата и од возилото, извадил чекан и се упатил кон сопственикот на продавницата сакајќи да го нападне. В

о таа намера, пријавениот О.С. бил спречен од лица од обезбедувањето кои му го одзеле чеканот.

Коментари

Популарно