(ВИДЕО) Фановите разочарани: Драма во „Ѕвездите на Пинк“ – Адам Лабунски дочека ШОК!

Македонскиот кандидат во третата сезона на „Ѕвездите на Пинк“, Адам Лабунски пред полуфиналната емисија на шоуто за таленти самоуверено очекуваше влез во финале како еден од тројцата најдобри.

Иако минатата сезона не успеа во тоа, оваа година Лабунски решително се пријави повторно со јасна цел до победа. Сепак на Адам му се случи неочекувано и за жал не се планираше во финалето меѓу најдобрите шеснаесет.

По првиот пресек на гласови, првиот елиминиран беше токму Адам, кој настапи со песната „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески.

Најразочарани од ваквиот резултат беа фановите кои му порачаа на Адам дека тој е најдобриот без оглед на крајот, а пак жири комисијата која го поддржуваше во текот на целата сезона, уште еднаш му потврди дека тој е веќе ѕвезда.

Коментари

Популарно