Каде беше најтопло денеска?

Денешниот ден, метеоролошки сумиран, освен по нестабилното време, значаен беше и во однос на максималната температура измерена на официјалните метеорлошки станици на УХМР.

Најтопло беше во Демир Капија, каде максималната температура достигна скоро до 39°С.

Целосниот преглед на измерената максимална температура на станиците од мрежата на УХМР е даден на насловната табела.

Во деновите кои што следуваат до крајт на неделава се очекуваат вредности на температурата кои ќе бидат повисоки во однос на денешната, а скоро сигурно ќе се надмине „границата“ од 40°С.

Коментари

Популарно