Жешко време, но пеколот доаѓа во четврток

Денеска е вторник, 27 јуни 2017 година, 177-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 188 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути,  а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 8 часот и 45 минути, а ќе зајде во 22 часот и 54 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена облачност, а попладне ќе има изолирана појава на локална нестабилност со локален пороен дожд и грмежи особено во југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 30 до 36 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје слично време, сончево и топло со умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 35 степени.

Продолжува периодот на многу топло време со натпросечни максимални дневни температури. Уште потопло се очекува да биде во четврток кога в долж Повардарието и Пелагонија се очекува температурата да достигне 40 степени. Не е исклучено во петок и сабота наместа температурата да се надмине и 40 степен. 

Коментари

Популарно