ФОТО: Копајќи во контенер стана најголемиот херој

Бездомник пребарувајќи во континер во Кина наишол на нешто шокантно. Имено овој човек додека барал работи кој би му послужиле за препродавање тој нашол бебе кое било фрлено од своите родители. Тој веднаш го однел бебето во болница со што му го спасил животот.

Во болницата лекарите подоцна успеале да влезат во трага на родителите, кои го фрлеле бебето бидејќи било тешко само 1,5 килограми и предвремено родено.
 

Тие изјавиле дека бебето го фрлиле бидејќи мислеле дека нема да биде здраво, меѓутоа, лекарите со поглед востановиле дека здравјето на бебето било целосно во ред.

Родителите изјавиле дека не размислиле пред да го фрлат бебето и и ветиле на полицијата дека ќе водат сметка за него.

Коментари

Популарно