Рики Мартин наскоро ќе го каже судбоносното „ДА“

Пред седум месеци на својот избраник Џовани Јосеф пејачот Рики Мартин му го даде својот збор. Од тогаш па наваму тие се во подготовки за својата свадба и кога веќе судбоносниот ден се наближува, мега пејачот даде изјава.

-Ќе биде тоа голем настан.Сакам нешто навистина големо и го одбравме Порорико, зошто сум од таму, а тој од Шветска а неколку од неговите роднини од Сирија, па така венчавката ќе ни биде интернационална- изјавил Мартин.
 

Коментари

Популарно