ФОТО: Каде летуваат најбогатите?

Дестинацијата за летен одмор зависи од друштвото, желбите и секако од буџетот. Доколку имате неограничен буџет, каде би оделе? Ова се  5-те најскапи места во светот.

Villa Bellissima Vi, Тоскана

800 Години старата вила во руралната средина на Тоскана, која во скоро време била реставрирана од познатата фамилија Сиенезе. Оваа вила располага со 22 апартмани распоредени во 4 различни куќички. Гостите уживаат во формална трпезарија, гранд пијано, а исто така располагаат со театарска соба со кино, библиотека, бар и соба за тестирање на вина. Исто така и се наоѓа и базен и теретана, спа, терен за тенис и баскет. Еднодневно престојување е $ 19.570.

Hugh Hefner Sky Villa, Palms Casino, Лас Вегас

Последни кои престојувале од познатите биле Кание Вести и Т-Паин, овој апартман кој е околу 840 квадрати е моделиран по познатиот Playboy Mansion со 3 спални, ротирачки кревет, тераса со надворешен базен и приватна спа соба, сервис со батлер, маса за покер и комплетен “мокар” бар, приватен стаклен лифт и џакузи од $ 700.000. За едно ноќевање ке треба да одвоите $ 40.000.

Nygard Cay, Бахами

Зашеметувачкиот приватен остров нуди 10 соби, 2 базени, неколку лизгалки на вода, аквариум, 5 џакузија, 40 метарска јахта со 2 соби, терени за тенис, кино за 24 гости и концертна сала од 3.000 квадратни метри која е “накитена” со стаклен плафон. Исто така доколку ви е потребно возило за островот располага со 2 Хамера. Познати кои престојувале овде биле Опра, Шон Конери, Роберт ДеНиро и поранешниот претседател на Америка Џорџ Буш. Доколку се одлучите да летувате тука, островот располага со приватен Боинг 727 кој може да ве земе од каде и да сте во светот. Едно ноќевање е $47.000.

Necker Island, Британски Девствени Острови

Изграден од Сер Ричард Брансон, овој остров е лоциран на северот од Британските Девствени Острови. Островот е целиот како ресорт со 60 вработени и располага за вкупно 28 гости. Сместувањето е во 6 Бали Куќички (секоја со 1 спална) и Темпл Куѓа која е дом на Ричард Брансон. Сите соби имаат приватни луксузни бањи. Располага со секој спорт кој може да ви текне што се изведува на вода, пространи базени, фенси забави, казино ноќи, скари на плажа и преку 200 фламингоси. Ноќевање чини $ 52.000.

Royal Penthouse, Hotel President Wilson, Женева

Еден од најексклузивните апартмани во светот Ројал Пентхаус е сместен во хотелот President Wilson во Женева. Овој елегантен апартман од 1800 метри квадратни го окупира целосниот 8-ми спрат на хотелот и е типичен спрат за Кралски Семејства. Поседува 12 спални соби со 12 приватни бањи, трпезарија за 26 особи, приватен лифт, соба со билјард, салон, библиотека, соба за обезбедување и приватен фелиодром на врвот на хотелот. Скоро секоја соба од овој Пентхаус има поглед на Женевското езеро и Алпите па дури и од купатилата. Приватноста и обезбедувањето е на високо ниво. Сигурноста вклучува и непробојни стакла на сите прозори, панично копче, сеф за повеќе луѓе како и армирани врати, одличен за сместување на познати лица од шоубизнисот, политичари кои бараат комплетна приватност. Не можете да најдете полуксузен апартман од овој на целиот свет. Едно ноќевање би ве чинело $ 81.000.

Коментари

Популарно