Стопена од срeќа: Свекрвата и напиша на Тамара специјална посвета на Фејсбук!

На денешен ден пред две години семејствата Димитровски и Тодевски имаа голем повод за славење – свадбата на Тамара и Александар.

Сите велат дека времето лета брзо, а така е и за Тамара и Мачка кои беа во фокусот на медиумите на овој ден кој како да беше вчера. Кружеа многу фотографии, коментари и честитки, а денес на истиот датум на Тамара и Мачка прва им честита среќната баба на Хана, односно мајката на Александр, а свекрвата на Тамара.

-Среќна годишнина мили мои, уште многу години да се заедно, напиша баба Софија и посветата ја дополни со бакнежи и срценца.

За дополнително да ја израдуваат, пејачката и нејзиниот сопруг пред неколку дена ја однесоа Хана кај баба во Гевгелија, па заеднички прославија за проодувањето на малата принцеза и нејзината крштенка.

За овие две години брачен живот, младите сопружници го добија најубавиот подарок – Хана, а што друго освен уште една ваква среќа би можеле да посакаат за себе!

Коментари

Популарно