ВИДЕО: „Вљубениот ерген“ се опушти во кафеана

Омер од хит серијата „Изнајмена љубов“, осносно најпосакуваниот турски актер, Бариш Ардуч, заедно со пријателите и саканата, актерката Гупсе Озај, летува во Чешме.

Оттаму секојдневно се појавуваат нови фотографии од турскиот убавец, кој тешко може да одмори покрај армија обожаватели кои постојано сакаат да се фортографираат со него.

Сепак, тој знае како да ужива и да ги наполни батериите. Познато е дека сака да пее и да игра оро, а исто така многу ја сака и народната музика. Во Чешме на увце му свиреа неколку музичари, а тој не додржа па им фати ритам чукајќи на маса.

Коментари

Популарно