Сопругата на Жељко Јоксимовиќ во шок по посетата на доктор!

Јована и Жељко Јоксимовиќ не можат да ја дочекаат приновата во нивното семејство. Водителката и пејачот се премногу среќни што повторно ќе станат родители, а фактот дека истиот ден ќе добијат две бебиња, двојно ја зголеми нивната среќа. Во изјава за српски Курир Јована вели дека била шокирана кога дознала дека ќе роди близнаци.

-Тоа беше тотално неочекувано, но предизвика огромна радост. Бев на преглед и лекарот ми кажа дека носам близнаци. Првин помислив дека се шегува, а потоа ме совлада таква среќа што не можам да ви опишам со зборови. Веднаш сакав да му кажам на Жељко, а претходно не сакавме да зборуваме се додека не дознавме дека е се во ред, вели среќната мајка која со популарниот пејач го има синот Коста, а како наведе во интервјуто, се уште не е познат полот на бебињата кои на свет треба да дојдат за три месеци.

Коментари

Популарно