РАЈ за мажите: Град во кој е срамота да имате една девојка!

Додека мажите ширум светот се прашуваат како да најдат девојка или жена, во овој кинески град мажите имаат вишок девојки.

Разликата меѓу мажи и жени во Дунгуан е голема, па на 89 мажи има 100 жени, што било предизвикано од политиката на вработување: локалните фабрики постојано бараат женски работници, па мажите масовно се иселуваат во потрага по работа.

Поради „дефицитот“ на мажи, не е чудно што еден маж има по три девојки, а еден од нив изјави дури дека е „срамота да се има само една девојка“.

„Во овој град е полесно да си најдеш девојка отколку работа. Јас имам три, како и повеќето мои пријатели. Овие девојки се знаат меѓу себе и знаат една за друга, никој не сака ништо да скрие“, вели Сијао Лин, работник во фабрика.

„За нас тука оваа ситуација е сосема нормална. Насекаде има прекрасни, млади девојки, па би било штета да се сами. Нивната цел не е да дојдат до пари или нешто друго преку мажот, природно е да сакаат машко друштво“, вели Лин.

Во Дунгуан исто така не е необично жената да плаќа за ручек или вечера и пијачки, со оглед на тоа дека поголемиот дел од нив се вработени.

Коментари

Популарно