ВИДЕО+ФОТО: Стоп за дивите трки на моторџиите низ скопските улици

СВР Скопје започна со реализација на посебниот план за зголемување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на главниот град, преку засилени и интензивни сообраќајни контроли, со посебен фокус кон помладите категории возачи, како и возачите на моторцикли.

Како што нагласи Билјана Милевска, начaлник на Одделението за превенција при СВР Скопје, на вчерашната промоција на новите оперативни мерки во областа на сообраќајот, на подрачјето на СВР Скопје во последниот период стана се позабележителна  појавата на поголем број на возачи на моторцикли, кои се движат со голема брзина и при тоа создаваат голема бучава, со што го нарушуваат јавниот ред и мир и спокојството на граѓаните, но и прописите од областа на сообраќајот.

“Решени сме да ставиме ред во сообраќајот и тука нема отстапување! Полицијата секојдневно ќе биде присутна на улиците на Скопје и ќе бидат санкционирани сите оние што ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот. За полицијата како сервис на граѓаните нивната безбедноста е на прво место“ нагласи Милевска. 

ФОТО: Skopjeinfo.mk

Коментари

Популарно