Што рече синот на Лепа Брена за траумата од детството

Во сега релативно далечната 2000 година синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ е киднапиран. Тој настан секако го одбележи неговото растење, а денеска по 17 години се присети на тој момент и прв пат рече што го потсетува на тоа.

-Се што се случува треба да се гледа од позитивната страна. Се што сфатив јас е дека треба да уживаме секој ден зошто никогаш не знаете што може да ви се случи, нагласи Стефан.

Сепак, тој не сака да посветува посебно значење и да го свртува вниманието на јавноста на тој момент од своето минато.

-Не сакам да зборувам за тоа, не затоа што имам трауми – одамна тоа го надминав и не доаѓам во емисии за да ме жалат луѓето „леле, види го кутар што му се случи“, низ шега вели младиот Живојновиќ кој гостуваше во емисијата „летни 150 минути“.

Коментари

Популарно