Потопло време од вчера, за неколку дена повторно 40 степени!

Денеска е четврток, 20 јули 2017 година, 200-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 165 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 14 минути, а ќе зајде во 20 часот и 5 минути.

Денов трае 14 часа и 51 минута.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 12 часот и 16 минути, а ќе зајде во 17 часот и 2 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови со локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. 

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 15 степени, а дневната до 33 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со секојдневен пораст на дневната температура, која до вторник во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени. УВ индексот ќе има многу високи вредности.

Коментари

Популарно