(ВИДЕО) Туристите ги напуштаат грчките острови, нема авионски билети

По разорниот земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтер, кој го погоди во петокот наутро Егејско Море, тлото во Турција и Грција и понатаму се тресеше, и тоа со посилни афтершокови од 3, 4 степени па и повеќе.

Во земјотресот загинаа две лица а околу 500 други се повредени.

Повеќе стотици жители и туристи, на источниот грчки остров Кос, ја поминаа ноќта под отворено небо, во паркови или во своите автомобили.

По се изгледа дека земјотресот ја заврши туристичката сезона во тој регион на Грција и Турција.

Туристите, уште истиот ден се обидувале да пронајдат превоз до своите домови, но најчесто наместо помош од матичните туристички агенции, наидувале на крајно бизарни совети.

Гопем број Британци, кои инаку со задоволство доаѓаат на овие острови, се упатуваат кон аеродромот на островот Кос. пишува „Дејли меил“. Таму, по краткиот прекин на авио-сообраќајот, авионите повторно летаат но речиси е невозможно да се најде билет.

И покрај силниот земјотрес, а потоа серијата послаби, како и цунами кое ги погоди бреговите, туристичките агенции се обидувале да ги убедат клиентите да останат до крајот на уплатениот аранжман и да „уживаат во одморот“. На многумина им било советувано да спијат на лежалките на плажата информира „Дејли меил“.

За таква понуда очигледно нема многу заинтересирани.

Тлото продолжува да се тресе а регистрирани се потреси и во Измир, Атина, како и на други места во Грција и Турција со јачина од 2,3 и 4 степени по Рихтер.

Коментари

Популарно