(РЕТРО ГАЛЕРИЈА) Смеење до солзи: Јелена Карлеуша на почетокот од кариерата

Денес е модна икона, но некогаш немала пари ниту за чорапи.

Во едно интервју Јелена Карлеуша проговори за своите почетоци на музичкото небо, а токму тоа не натера да направиме галерија од тој период, каде таа изгледа сосема поинаку од денес.

Пред речиси 20 години кога ја започнував кариерата со неполни 16 години имаше тешка ситуација на Балканот, а јас во 1995 година го снимив првиот албум. Мајка ми позајми пари за тоа од Драгана Мирковиќ. И додека мајка ми се држеше за глава како ќе и вратиме 25.000 германски марки, јас немав пари ниту за чорапи.

На телевизиските појавувања кога глумев новата Мадона никој не знаеше дека носам позајмени фустани и стари хулахопки залепени со лак за нокти. Со години се мачев, но потоа станав позната и и ги вратив парите на Драгана, изјави Карлеуша за почетоците на својата кариера.

Погледнете како изгледала некогаш денешната модна икона!

Коментари

Популарно