ФОТО: Оформена платформа за бесплатно сместување за супер купот

Кога во едно општество етичките и моралните граници и општо прифатливи бизнис пракси ќе бидат засенети од желбата за профитерство,  скоро секогаш гиковите пронаоѓаат начин да понудат нешто поинакво и да направат реален обид за обелување на образот на општеството. Така беше и со #поплава, така е и сега со срамот кој хотелиерите го нанесоа во пресрет на претстојниот UEFA Super Cup.

Гостите, преку логирање со својот Facebook профил и праќање на и-мејл порака директно ќе ги контактираат  домаќините, по што тие ќе одлучат дали ќе ги прифатат гостите или не.

Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата, за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови. – велат креаторите на платформата.

Повеќе на SuperCupSkopje.com 


 

Коментари

Популарно