ВИДЕО: Менуваат пози на 2секунди и заработуваат по 1.500 долари дневно

Видеата од супер брзи модели кои понекогаш менуваат по две пози во секунда одушевуваат.

Фотосесијата за една модна комбинација трае само секунди, а изгледа вака:
 


 

Кинеските модели кои се ангажирани од Taobao, онлајн продавница слична на Amazon, се навикнати да работат брзо, бидејќи има денови кога менуваат и по 150 различни модни комбинации и мора да прават по околу 700 пози.

И покрај тоа што нивната работа е исцрпувачка и добиваат само 10-минутна пауза за ручек, девојките велат дека се задоволни, затоа што се добро платени. Всушност, некои модели заработуваат и 1.500 долари дневно.
 

По завршувањето на фотосесијата, се селектираат најдобрите фотографии и се објавуваат на Taobao.

Коментари

Популарно