Таксашките училишта воведуваат „воспитна шлаканица“ како педагошка мерка

Три училишта во Тексас договориле воведување „ќотек“ како вид казнување за непослушните деца  , објави британскиот весник Independent. Според информациите, се работи за училишта во кои учат деца од 4 до 18 години.
 

Детето ќе добие по еден удар за секое лошо однесување, на пример, ако не ги следи правилата во училницата или ако не ги слуша наставниците.

Кога родителите ги запишуваат децата, тие ќе бидат прашани дали се согласуваат да користат физичко казнување. „Ќотек“ ќе добијат само децата чии родители се согласиле.

„Ако на родителот не му е пријатно, тоа е крај на дискусијата“, изјави надзорничката на училиштата, Мери Спрингс.

Оваа мерка ја предложил координаторот за однесување на училиштата, Ендрју Амаро. Тој се надева дека ќе биде поефективна мерка од казната.

Тој вели дека бил тепан како ученик и смета дека тоа функционирало кај него.

„Тоа беше брз одговор за мене. Знаев дека ако сум во неволја со наставник и ако не почитував, без разлика каков беше прекршокот, дека ќе добијам „ќотек“ од директорот“, рече тој.

Само одредени вработени ќе може да ја спроведуваат мерката.

Националната Асоцијација на училишни психолози го дефинираат физичкото казнување како „намерно предизвикување болка или непријатност и/или употребата на физичка сила врз ученик со намера да предизвика телесна болка кај ученикот за да го поправи или да го казни неговото однесување“.

Коментари

Популарно