Вардар му одржа лекција и на Копенгахен - на чекор до најголемиот успех во Европа

Победа без примен погодок, беше исходот што вардарци го посакуваа и заслужено го добија. Можеби треба и да жалиме што победата е минимална, изразена само со еден гол разлика, бидејќи Вардар го надигра данскиот првак.

Црвено црните, одлично тактички поставени во сите 90 минути, му дозволија само една шанса на Копенхаген, додека на другата страна створија барем 3-4 убави прилики за гол, од кои едната ја искористи играчот на натпреварот Балотели. 

Реваншот во Данска се игра на 2ри Август, а пласман понатаму носи плеј оф за Лигата на шампиони и гарантире групна фаза во Лига на Европа. 

Коментари

Популарно