Можни противници на Вардар доколку го минеме Копенхаген

Ако Вардар ја мине третата фаза, нема да го преземе коефициентот на Копенхаген и во ждрепката за последното коло ќе биде екипа со најмал коефициент што значи влегува меѓу неносителите.

Во рутата на Вардар петте екипи со најголеми коефициенти се Олимпијакос, Селтик, Салцбург, Лудогорец и БАТЕ Борисов и доколку овие екипи го минат третото коло, тогаш една од нив ќе биде противник на Вардар во плејофот.Да резимираме: Во плејофот за ЛШ ќе играат вкупно 20 екипи, 10 во League Route и 10 во Champions Route. И во двете рути ќе има по два шешира со по 5 екипи поделени во носители и неносители.

Петте можни противници на Вардар би ги дознале на 2 август по завршувањето на сите средби.

Зад сето ова се разбира дека постои едно „ако“, кое сигурно не е новозможно за Вардар кој денеска се наоѓа на насловната страница на УЕФА, каде пишува дека Вардар повторно изненади.

Ждрепката за плејофот во Лига на шампиони ќе се одржи на 4 август во Нион со почеток од 12 часот.

Коментари

Популарно