НЕВРЕМЕ: Пороен дожд и грмежи

Денеска е четврток, 27 јули 2017 година, 207-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 158 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минута, а ќе зајде во 19 часот и 59 минути.

Денов трае 14 часа и 38 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 9 часот и 47 минути, а ќе зајде во 22 часот и 32 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови, ќе има зголемување на облачноста и услови за локални краткотрајни врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, кој ќе предизвика намалување на температурата на воздухот. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 25 до 32 степена.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната температура до 29 степени.

Од петок ќе настапи стабилизација на времето  со повторен пораст на дневната температура, која во деновите од викендот ќе се движи од 30 до 39 степени. Под влијание на многу топла воздушна маса, во текот на наредната седмица се очекува стабилно, суво и уште потопло време. 

Коментари

Популарно