Дете од Прилеп најдено на улица со тешки повреди е пренесено на Ургентен

Поради пад од далековод дете од Прилеп со тешки повреди е пренесено на Ургентниот центар во Скпје.

Од полицијата денес информираат дека И.И. (30) од крушевското село Алданци пријавил дека на влез од селото забележал повредено дете во свесна состојба како лежи на тревата. Полициски екипи излегле на местото, по што е утврдено дека се работи за 10 годишно дете од Прилеп.

Според кажувањата на мајката, детето паднало од метален столб, од далековод под висок напон, по што таа го однела до блиската река и го измачкала со кал мислејќи дека има струен удар.

По укажаната лекарска помош во прилепската болница поради сериозноста, детето во свесна состојба, но со крварење во мозокот е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Коментари

Популарно