За едно деноноќе 6 сообраќајки и 3ца повредени во Скопје

Шест сообраќајки со тројца повредени се евидентирани во претходното деноноќе во Скопје.
 

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден санкционирала 20 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај. Двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, четворица возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 16 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати биле и 62 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 51 возило. 

Коментари

Популарно