Џастин Бибер ја откажа турнејата без објаснување за фановите

Канадскиот пејач Џастин Бибер соопшти дека је прекинува својата концертна турнеја „Purpose World Tour“, поради „непредвидени околности“.

Претставник на пејачот информира дека преостанатите концерти од турнејата се откажани, потецирајќи дека Џастин „ги сака своите фанови“ и оти „му е тешко што мора да ги разочара“.

Во рамки на оваа турнеја, што започна пред 18 месеци, Бибер одржа над 150 концерти ширум целиот свет, а во следниот период беа предвидени негови настапи во САД и Канада.

– Наспроти досегашниот успех на турнејата, по внимателното разгледување Џастин реши да не настапи на претстојните закажани датуми, изјави претставникот на тинејџерската ѕвезда.

Тој најави дека на сите обожаватели на Бибер ќе им бидат вратени парите за веќе купените билети за откажаните концерти.
 

Коментари

Популарно