Договорот со Бугарија: НЕ ПОСТОЈАТ македонски јазик, народ и малцинство во Бугарија

Дојде и тој ден. Владата предводена од Заев го обелодени на јавноста договорт за добрососедски односи со Бугарија.  Премиерот одржа прес конференција, на која речиси еден час се обидуваше да го објасни како позитивен договорот од 14 члена, од кои само 3 се суштински, а остаокот се само фарба, козметика. Во свој стил, полн со фрази и секако лаги, Заев не одговори директно на ниту едно незгодно новинарско прашање и зборуваше за убава иднина на младите Македонци и Бугари. Час подоцна договорот осамна на веб страницата на Владата на Република Макеоднија и еве што прочитавме таму.

Член 8:

2.Во рок најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.

Значи, комисијата освен што ќе ја утврди историјата, ќе делува и на образовниот процес на договорените страни! Ако се земе во предвид дека Заев при посетата на Бугарија изјави дека Македонија ќе ги менува учебниците, а Борисов не најави такво нешто за бугарското образование, јасен е резултатот на „научното“ истражување на комисијата уште пред истата да се формира. Всушност, уште вчера осамнаа најави за заедничка прослава на Илинден на втори Август. Што тоа Бугарите ќе слават на Мечкин Камен знае веројатно само Заев.

Член 11:

4.Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.

5.Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.

6.Двете Договорни страни ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат дејности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични дејствија, кои би им наштетиле на нивните односи.

Точката број 4 е сосема во ред и е во согласност со сите европски норми, но.... Веќе во 5тата точка јасно се кажува што е целта на овој член од договорот. Македонија со потписот и ратификација на договорот во собранието, јавно и недвомислено се откажува од македонското малцинство во Бугарија. Додека Бугарија има право да ги заштитува правата и интересите на  сите иматели на бугарски пасоши во Македонија. Токму така, со овој член, не само што ние се откажуваме од Македонците во Бугарија, туку јавно дозволуваме Бугарија да ги заштитува интересите на своите државјани во Македонија. Секој Македонец кој поседува бугарски пасош, има и бугарско државјанство. Што значи дека Бугарија има право да ги штити неговите интереси!

Со еден потпис го „продаваме“ македонското малцинство во Бугарија, а добиваме Бугарско малцинство во Македонија, а договорот носи наслов „Договор за пријателство и добрососедство“?!!!!!

Точката број 6, треба да ги замолкне оние на кои овој договор не им се допаѓа! Баш онака добрососедски!

Член 14:

Потпишан во два оригинални примероци, секој од нив на официјалните јазици на Договорните страни – македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски јазик, согласно Уставот на Република Бугарија, при што и двата текста имаат еднаква важност. 

И за крај од договорот, во член 14 ја имаме старата дефиниција на Македонскиот јазик. „Македонски јазик, согласно уставот на Република Македонија“. Токму како што рече министерката за надворешни работи на Бугарија: ништо тука не е сменето. Оваа дефиниција е стара 18 години, и во овој договор не е подобрена. Нема признавање на македонскиот јазик!

Заев се обиде да излаже дека во договорот е признат и македонскиот народ, но и тоа не е вистина. Премиерот на прашање на новинар рече:

Во уводниот дел на договорот има дел во кој индиректно се признава постоењето на македонскиот народ, нешто што досега како отстапка не е добиено од Бугарија. Имено, во него стои:  „Имајќи ја предвид заедничката историја, која ги поврзува двете држави и нивните народи…“

Ова не е признавање на македонскиот народ. „Нивните народи“, не значи македонски народ. Да, дефинира разлика меѓу народите во двете држави, но не посочува кои народи. Ако се земе во предвид, дека во Македонија освен Македонци, живеат Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми.... станува јасно зошто никаде во договорот не пишува Македонци! Доколку Бугарија сакаше да го признае македонскиот народ како различен од бугарскиот, тоа можеше да се стави во било кој од овие членови или да се напише нов. Истото се однесува и на македонскиот јазик. Воопшто не е тешко. Еве видете.

Член15

Македонскиот народ е различен од бугарскиот народ и зборува на свој македонски јазик, кој е различен од бугарскиот јазик.

Лесно, нели? Ама член 15 не постои. Постојат само 14, од кои 2 се многу опасни и штетни за Македонија. Се друго во договорот се само глупости. Токму затоа Заев и немаше што да каже на вчерашниот прес. „Полупразна, полуполна чаша“ беше филозофијата на премиерот. Празна е! Капка вода нема во неа! Бугарија ќе го споделела своето искуство за влез во ЕУ и НАТО со нас! Озбилно ова? Баш Бугарија ни треба за ова? Они ли се примерот кој сакаме да го следиме? Од сите европски држави ние ќе учиме од Бугарија? По цена на историјата и малцинството? Ама младите ќе се дружеле многу и ќе сме ја засилеле економската размена! Хахахаха добрососедски договор за младите да се дружат? Озбилно ова? СТРАШНО!

Уште пострашен од овој договор е молкот во Македонија. Ги нема сега „Шарените“, ги нема студентите, „пленумите“, нема ниту една невладина да се побуни. Каде се сега Бубо Каров, „Фчерашни“, Сашо Тасевски, Богоевски, Најчевска, Геровски.... Ало борци?!!! Револуционери! Штама а? Се јавија само неколку „експерти“ кои го подржаа договорт, велејќи дека истиот можел да се раскине и тоа еднострано. Како тоа е најдобриот дел од договорот? Па ако е така, зошто го потпишуваме?  Молк и во  ВМРО ДПМНЕ. Го чекале финалниот изглед на договорот за да се изјаснеле. Владите во Македонија и Бугарија го усвоија договорот, но од ВМРО ДПМНЕ чекаат финална верзија?!!!

Од целата вчерашна прес конференција на Заев, се сложувам само во една работа со премиерот. Сите досегашни влади се заслужни за овој договор. Да, Заев ќе го стави потписот на хартија, но ВМРО ДПМНЕ си молчи. Разликата што Зааев не сака да ја спомне е во тоа што никој друг пред него не сакал да го „продаде“ македонскот малцинство и да ја смени нашата историја, па токму затоа не бил потпишан. Но, од друга страна не гледам некој да се обиде да го спречи. Затоа вина носите сите! 

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно