Прсеврт во времето - следуваат врнежи и грмежи

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево, многу топло време.

Од понеделник во западните делови на земјава ќе има извесно зголемување на облачноста, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.

Промена на временската состојба се очекува в петок кон сабота.

Коментари

Популарно