Погледнете какви специјалитети ќе јадат фудбалерите на Манчестер Јунајтед за супер купот!

Супер Купот на УЕФА започнува за само 2 дена што значи дека играчите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед пристигнуваат во Скопје.

Веројатно претпоставувате дека супер ѕвездите имаат и супер желби, но како што велат од хотелот ТЦЦ Гранд Плаза, од штабот на Манчестер Јунајтед немале некои специфични барања. За нив најважно е храната да е свежа и со ниска масленост. На списокот на јадења кои сакаат да ги има во хотелот се: бифтек, лосос, многу видови на пасти, туна, најразлични видови овошје и зеленчук...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе пристигнат во Недела (6ти Август), а ќе заминат од Македонија веднаш по натпреварот во вторник (8ми Август).

Коментари

Популарно