Пеколното време продолжува: Денеска над 40 степени - разладување дури...

Денеска е понеделник, 7 август 2017 година, 218-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 147 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минута, а ќе зајде во 19 часот и 47 минути.

Денов трае 14 часа и 16 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 19 часот и 35 минути, а ќе зајде во 5 часот и 4 минути.

Временска прогноза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност, локално  во планинските делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата во северните делови. УВ индексот ќе биде 9.  Утринската темепратура ќе се движи од 14 до 21, а дневната од 34 до 41 степен.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата. Температурата ќе биде од 20 - 39 степени.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево и многу топло време. Од утре  во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надминува 40 степени. Најтопло се очекува да биде за време на викендов. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.Промена на временската состојба се очекува од петок со благо опаѓање на температурата, кое ќе продолжи и во сабота и недала.

Коментари

Популарно