(ФОТО) Преполно Скопско кале и одлична забава на првиот фестивалски ден на „Пиволенд 2017“

Преполно Скопско кале, многу странски гости, но и домашни посетители кои се забавуваа до доцна во ноќта, вака започна годинешното, јубилејно издание на „Пиволенд“, кое ќе трае сè до 12 август.

Фестивалот го отворија „Бенд ОФ“ со рок свирка, а по нив настапија „Чил плеј“ и диџеј Иноматик. Пејачката Нина Јанева и бендот „2 Егзит“ беа следни, а за крај со електронска музика посетителите ги разигра диџеј Крис.

Иако бевме скептични во поглед на посетеноста бидејќи е понеделник и прв работен ден во неделата, сепак Скопската тврдина беше исполнета до последно место.

Вечерва на „Пиволенд“ први ќе настапат „Саут парк“, а потоа од 20.45 е организирано групно гледање на натпреварот од УЕФА Супер Купот. По завршување на дуелот Реал Мадрид- Манчестер Јунајтед, ќе настапи македонското дуо „Шајн“, во кое членува најдобриот македонски гитарист Дамјан Пејчиновски.

Коментари

Популарно