СКАНДАЛ: Нов инцидент со македонски туристи - физички напад во Калитеа

Нов скандал со македонски туристи во Калитеа, Грција. Повеќе туристи кои патуваат преку туристичката агенција Сафари, се пожалија на измама од страна на агенцијата, непрофесионално однесување од нивна страна како и физички напад на турист од страна на вработена во вилата Митос која се претставува како сопственичка на истата. 

"Се пожаливме во агенцијата со која имаме склучено договор за летување дека освен гасење на струја, интернет и телевизија во вилата( впрочем тука летуваат и фамилии со бебиња, трудници и сл.) се случи и физички напад кон гостите, од агенцијата добивме одговор дека наводно сме го прекршиле куќниот ред и за да не смират се случиле овие работи. Јасно и одговорно тврдам дека немало никакво прекршување на куќен ред, едноставно се работи за непрофесионализам." - изјави еден од оштетените гости.

Останува да почекаме дали ќе реагираат институциите и ќе ги заштитат корисниците на туристички услуги

Коментари

Популарно