Пеколно жешко и денеска, но ни доаѓа невреме!

Денеска е четврток, 10 август 2017 година, 221-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 144 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 43 минути.

Денов трае 14 часа и 8 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 21 часот и 17 минути, а ќе зајде во 8 часот и 8 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. УВ индексот ќе има вредност 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната температура ќе се движи 32 до 40 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Утринската температура ќе достигне до 20, а дневната до 40 степени. 

До петок ќе се задржи претежно сончево и многу топло време со натпросечни температури на воздухот. Во сабота во текот на денот ќе има зголемување на облачноста и ќе дува засилен југозападен ветер, но дневната температура се уште ќе се задржи висока. Во вечерните часови и преку ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд и грмежи, а најобилни врнежите се очекува да бидат во североисточните делови. Во недела ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, на места и за повеќе од 10 степени во однос на сегашната. Од понеделник ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

Коментари

Популарно