(ВИДЕО) ТУРИСТИТЕ ВО ШОК: Од никаде се појавил гумен чамец со триесетина луѓе кои почнале да бегаат!

Туристите кои се затекнале на популарна плажа во Шпанија останале изненадени кога околу 14 часот, среде најголемата гужва пристигнал брод од кој патниците почнале да бегаат.

На гумен чамец пристигнала група од околу 30 мигранти. На аматерската снимка се гледа како чамецот се приближува до плажата, а потоа од него истрчуваат мигранти.

„Што се случува“, зачудено прашал еден од капачите. Видеото го снимил Карлос Санс, кој бил таму на одмор. Според неговите зборови, групата мигранти брзо исчезнала, а дури подоцна се појавиле полицајците. Очевидци велат дека многу од мигрантите ја промениле облеката за да ја избегнат полицијата.

Оваа шпанска плажа се наоѓа на само 30 километри од африканскиот брег.

Коментари

Популарно