ФОТО: Сека Алексиќ со неколку килограми вишок во костим за капење

Пејачката Сека Алексиќ и по скоро една година од породувањето на првото дете, не многу се грижи за килограмите.

Имено, за Сека воопшто не се важни коментарите дека има вишок на себе на кој треба да поработи, туку напротив таа го истакнува токму тоа и нема комплекс да се соблече во костим за капење.

Напротив, избира ултра тесни модели на костими кои оцртуваат се на неа. Овој пат позираше во бело монокини од кое извираат облини, а за обожавателите е вистинска кралица и пример како треба да изгледа вистинската жена.

Инаку, освен тоа што ужива покрај вода и се разладува од горештините заедно со синчето и сопругот, Сека секоја вечер има настапи во Будва каде ги полни клубовите.

Коментари

Популарно