ФОТО: Карлеуша запали момче од публика, па мораше да го гаси

Скандалозната српска пејачка, Јелена Карлеуша е позната по тоа дека на своите настапи прави тотален хаос, па секое нејзино дружење со публиката се претвора во нов спектакл.

Не е првпат Јелена на сцена да качи некое момче од публиката и да го соблече гол, но сега се работи за мускулест маж на кој му направи нешто кое тој не го очекуваше.

Се качи на сцената, ја соблече маицата, ги спушти фармерките, а тогаш му пријде Јелена со шише вода во раката и го потури на незгодно место, иако една од танчарките сакаше да ја спречи во намерата.

Секоја чест, беше одличен, му кажа Карлеуша, а момчето од неа побара само бакнеж кој секако го доби. Еве ја атмосферата:

Коментари

Популарно