ФОТО: Ноне со трудничкото стомаче ужива на Јамајка

Малечка но бомбастична, таа плени каде и да се појави, а тоа се случи и овој пат.
Некогашната поп-пејачка Ноне летово ужива на Јамајка, заедно со своето момче Рајан, кој е таму роден.  Дека е на Карипското Море, често знае да се пофали и на својот фејсбук-профил. Последните фотографии предизвикаа низа коментари на социјалните мрежи поради заоблениот стомак на поранешната пејачка и нагаѓања дека можеби е на почеток од бременост.
Со оглед на тоа дека НОне во рака држи шише вотка, останува таа да потврди дали е во блажена состојба или само малку поправена.
Ноне работи на брод во изминативе години а тоа и  овозможува да посети многу места во светот, и често споделува фотографии од местата каде што престојува.
 

Коментари

Популарно